Гостивар:2°C 1013mb Скопје:1°C 1017mb Охрид:3°C 1012mb Маврово:3°C 1012mb
Насловна
Пандев не е само голем талент,тој е многу повеќе од тоa
Оцена од корисниците: / 1
ЛошоНајдобро 
27.01.2010.

Горан Пандев, по кој знае кој пат, ја разбранува домашната спортска јавност.   Не пробуди од колективната депресија и тотално руинираните критериуми на вредноста, предизвикани од актуелната економска и социјална состојба во државата. Со својата претстава во дербито на Милано по кој знае кој пат докажа дека спортистите, заедно со културните и естрадните уметници, се најголемите амбасадори на државата.

 

Пандев во победата на Интер од 2:0 над Милан, најпрвин асистираше за погодокот на Милито, а потоа со евро гол од слободен удар ја потврди победата на Интер. Го крена Милано на нозе, ги собра аплаузите од трибините, а предизвика и еуфорија од воодушевување во својата земја.

Пандев-манијата е присутна како во државава, така и ширум Европа.

"Не направи да се чувствуваме горди што сме Македонци." - често деновиве може да се слушне во неврзани разговори, и тоа не само меѓу домашните вљубеници во фудбалската игра, туку и оние кои го изгледале миланското дерби само поради феноменот Пандев.  

Веднаш по мечот, тренерот на Интер, Жозе Мурињо му оддаде почест на македонскиот репрезентативец изјавувајќи:"Ние сме среќни што го имаме Пандев", за денеска, на прославата на својот 47-ми роденден да додаде: "Ова е Интер во кој уживам. Обожувам што имам вакви напаѓач, кои можат да ја задржат топката, кои играат со глава, а не се само сирови голгетери".

Пофални зборови на сметка на Пандев, меѓу другите, стигнаа и од тренерот на Палермо Делио Роси, кој со Македонецот соработуваше во Лацио.

„Пандев е одличен играч и тоа го докажува и во Интер. Според мене ќе формираат страшно трио со Самуел Ето и Диего Милито. Ќе им биде многу тешко на противничките дефанзивци да им се спротистават. Порано си мислев, дека е голем талент, но тој докажа дека е нешто многу повеќе од тоа.” - изјави Роси.

Пандев, кој во четвртиот меч го постигна и својот втор гол во дресот на Интер, моментно живее во хотел во Милано, а се очекува деновиве клубот да му најде стан, во кој ќе се всели со неговата бремена сопруга.

Сепак, слободните проценки велат дека еуфоријата е најголема во неговата родна Струмица.

Студент на студиската програма Финансиски менаџмент на Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип и тоа од дисперзирана паралелка во Струмица, низ насмевка ни изјави дека Пандев ги разнежнил и срцата на професорите на образовната институција, кои од задоволство 'ден по натпреварот без мера пишувале десетки'.

 

www.netpress.com.mk 

 
Следно >
 

Маркетинг

Анкета

Кој зимски спорт го практикувате?
 
 

Реклама

Видео

Шехерзад...Прва епизода :)))Брат за брат...Онур за Шехерзад....:)))))...
Боб санка             Билдинг + Тесна облека = Ова видео. ...
ОраленСамо гледајте го клипов нема да зажалите... ...
Најнoвиот видео запис на ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША!!! Доколку го немате погледнато последниот видео запис на Јелена Карлеуша,... ...
Што се има на естрада!!!"Јас сум многу незгодна, јас сум недопирлива" - е овде се има ДЕФИНИРАНО целос...

Кој е тука

Имаме 58 гости на оваа страница

Пријатели

 informaticari.net
 
radio_kometa_amblem.jpg

betoven.jpg