|
Камион урнал мост во Истанбул, настрадал пешак |
|
28.01.2010. |
|
 Најмалку едно лице било повредено, кога камион кој возел со подигната товарна ...
приколка удрил во надземен пешачки мост, вчера во европскиот дел на Истанбул, објави Ај-Ти-Ен “Њус“, пренесува Нетпрес. Во моментот кога камионот го урнал мостот, преку него минувале тројца пешаци. Среќа имале само двајца од нив, кои минале без никакви повреди, додека третиот добил искршеници. Нема информации од кои причини возачот на камионот гоуправувал возилото со пдоигната товарна приколка, соопштила истанбулската полиција. Но, возачот, пак, за телевизијата “Канал Д“ изјавил дека приколката ненадејно сама се подигнала додека тој возел. Целиот настан бил снимен од полициска безбедносна камера.
www.netpress.com.mk |