Гостивар:2°C 1013mb Скопје:1°C 1017mb Охрид:3°C 1012mb Маврово:3°C 1012mb
Насловна
Внимателност при ставање податоци на Фејсбук
Оцена од корисниците: / 0
ЛошоНајдобро 
28.01.2010.

 

Внимателно со ставање на лични податоци на социјалната мрежа Фејсбук, ...  не оставјте матичен борој, адреса, број на мобилен телефон, препорачуваат од Агенцијата за заштита на личните податоци, која денеска организираше Отворен ден по повод Европскиот ден за заштита на личните податоци.

 

Оттаму велат дека  еднаш објавена информација  на интернет останува засекогаш јавна, мора да бидеме свесни за ова пред да го објавиме нашите податоци на интернет.

Елена Стојановска од Агенцијата вели дека нивниот совет до луѓето што го користа овој социјален сајт е темелно да ги читаат политиките на приватност.

“Нашиот совет секогаш е да се читаат темелно полтиките на приватност. Секој веб сајт, секоја ваква социјална мрежа има своја политика на приватност,и тргнувајќи од тука ќе одлучиме дали ќе оставиме свои податоци таму или не. Конкретно за фејсбук,  кој кај нас е најактуелен по број на пријавени случаии, обезбедува добра политика на приватност и добри постапки, значи точно може да се ограничи пристапот до одредени информации, меѓутоа многу малку луѓе тоа го прават. Проблемите настануваат кога ќе оставиме се отворено, тука настануваат проблемите. Апсолутно внимание што се остава на тие портали, не може да се остави мобилен телефонски, број, матичен број, домашна адреса, тоа се податоци со обем што е поголем со она што е потребно да се оствари целта на тие социјални мрежи. Треба да бидеме свесни дека секој може да ги преземе тие податоци“, објасни Стојановска.

На денешниот Отворен ден  се до 14 часот во ЕУ Инфо центарот, Скопје, посетителите кои беа ретки генерално се жалеле на поставени системи за видеонадзор за кои се сомневаат дека може повеќе да им навлегуваат во нивната приватност. 

“Има случаи каде камери се поставуваат и во работни простории, кои не секога регистрираат само движење, туку се случува да следат и  работа на вработените. Дирекцијата препорачува камерите да бидат поставени на таков начин на кој што нема да загрозуваат никаква приватност“, рече Стојановска.

На четири информативни пултови тимови на Дирекцијата ги граѓаните за заштита на личните податоци  во сферата на здравството, интернет, видео надзор и правна заштита на личните податоци. 
 
Агенцијата има во план од следната година секој месец да организира по еден отворен ден за да можат граѓаните подобро да се запознаат со заштита на нивните лични податоци и да ги изнесат своите забелшки за некој проблем што ја зесега нивната приватност.
 
 
www.netpress.com.mk 
 
< Претходно   Следно >
 

Маркетинг

Анкета

Кој зимски спорт го практикувате?
 
 

Реклама

Видео

Шехерзад...Прва епизода :)))Брат за брат...Онур за Шехерзад....:)))))...
Боб санка             Билдинг + Тесна облека = Ова видео. ...
ОраленСамо гледајте го клипов нема да зажалите... ...
Најнoвиот видео запис на ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША!!! Доколку го немате погледнато последниот видео запис на Јелена Карлеуша,... ...
Што се има на естрада!!!"Јас сум многу незгодна, јас сум недопирлива" - е овде се има ДЕФИНИРАНО целос...

Кој е тука

Имаме 65 гости на оваа страница

Пријатели

 informaticari.net
 
radio_kometa_amblem.jpg

betoven.jpg