Со свечена церемонија во Гостивар беше предадена во употреба зградата на Факултетот за прехрамбена технологија и исхрана кој работи во склоп на Државниот универзитет-Тетово.
Пред гостите меѓу кои имаше политички лидери, пратеници и министери, се
обратија и министерот за образование Никола Тодоров и евроамбадасдорот
Ерван Фуере. Тие во своите обраќања
на студените и на професорите им го честитаа почетокот на вториот семестар.
- Македонија нема во изобилие природни ресурси и затоа нашата
иднина преку образување на квалитетни кадри кои ќе овозможат побрз
напредок, рече министерот Тодоров.
Агрон Река ректорот на ДУТ, напомена дека на овој факлутет ќе студираат околу 300 студенти.
Новиот факултет е сместен во зграда во близина на селото Долна
Бањица и има амфитеатар, пет училници, кои се ставени во функција и
двесетина кабинети. Наскоро се очекува да започне со работа и
лабораторија за конторола на квалитетот на прехрамнените продукти.
Отварањето на факултет во Гостивар беше најавено во август 2007
година. Тогашниот министер за образование Сулејман Рушити најави дека
во близина на Долна Бањица, гостиварско ќе се започне со наставни
програми по архитектура, градежништво, мекатроника и по економско
инженерство.
|